Тие носат пари во домот: "Forbes" ја објави листата на најплатени актерки во светот

Точка

17/08/2018

20:18

3.656

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли повеќе не е најплатената актерка во светот - нејзиното место го зазеде Скарлет Јохансон, ставајќи ја Џоли на второто место.

Скарлет во филмовите за суперхероите заработила и "супер" плата од 40 милиони долари. Ова е прв пат Јохансон да се појави на листата на најплатени актерки, а цифрата на нејзината банкарска сметка пораснала откако во 2015 година, таа се појави во улогата на Црна вдовица во франшизата "Avengers".  


Покрај тоа е најавено и снимањето на самостојниот филм "Black Widow" за кој Скарлет ќе добие плата од 25 милиони долари, што е највисок износ исплатен на некој актер за еден филм.

Анџелина Џоли оваа година заработила 28 милиони долари, а по неа следуваат Џенифер Анистон, Џенифер Лоренс и Рис Витерспун. Улогите во филмовите не се единствениот извор на приходи на актерките - многу од нив заработуваат и од промоции на одредени брендови.


Еве кои актерки се најдоа на листата на "Forbes":

1. Скарлет Јохансон - 40,5 милиони долари

2. Анџелина Џоли - 28 милиони долари

3. Џенифер Анистон - 19,5 милиони долари

4. Џенифер Лоренс - 18 милиони долари

5. Рис Витерспун - 16,5 милиони долари

6. Мила Кунис - 16 милиони долари

7. Џулија Робертс - 13 милиони долари

8. Кејт Бланшет - 12,5 милиони долари

9. Мелиса Мекарти - 12 милиони долари

10. Гал Гадот - 10 милиони долари



Спонзорирани линкови

Маркетинг