Барбара во пожарот на југот на Грција останала без децата и сопругот: Одлучила да ги казни сите одговорни за смртта на своето семејство

Точка

17/08/2018

19:29

11.676

Големина на фонт

а а а

Жената која го изгубила семејството во трагичниот пожар на југот на Грција, поднела денес тужба против седум службеници, вклучувајќи го и грчкиот министер за внатрешни работи, тврдејќи дека тие сносат одговорност за таа трагедија во која настрадале 96 лица.

Барбара Вукаки во пожарот кој избил на 23. јули во Атика, ги загубила сопругот Григорис Фитрос, синот Андреас и ќерката Евита. 

Таа сега поднела тужба против министерот за внатрешни работа Панос Скурлетис, грчкиот министер за јавен ред и цивилна заштита Никос Тоскас, кој поднел оставка неколку дена по пожарот, локалниот градоначалник, регионалниот гувернер и поранешните лидери на пожарната служба, полицијата и агенцијата за цивилна заштита.

Да потсетиме, веќе некои од роднините на луѓето кои настрадале во шумските пожари во близина на Атина минатата недела ги тужеле грчките власти, пожарникарите и полицијата за нивната смрт. Властите можат да одговараат за убиство од небрежност, телесни повреди и изложеност која доведува до смрт, поради пожар или тоа што се нарекува библиска катастрофа, наведено е во текстот на тужбата.

"Верувам дека оние кои се одговорни да ги заштитат луѓето, да ги изгасат пожарите и да спроведат мерки за претпазливост ќе бидат осудени", рекол адвокатот Антонис Фоусас.

Во пожарот кој дивеел во источна Атика настрадале 96. лица. Бројот на исчезнати во огнената стихија, која целосно го уништила приморскиот град Мати, официјално достигнал 25.



Спонзорирани линкови

Маркетинг