Драма над Будва: Се појавила снимка од параглајдерист кој на небото водел грчевита борба за живот

Точка

17/08/2018

21:42

11.097

Големина на фонт

а а а

Полицијата вчера по налог на обвинителството го уапсила Драган Чориќ, кој бил организатор на летање со параглајдер од Брајичи.

Тој вчера бил сослушан од обвинителството поради сомнение дека извршил кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Одредено му е задржување од 72 часа. Основното државно обвинителство во Котор ја истражува смртта на параглајдеристите Душан Симовиќ од Бело Поле и туристката од Египет Маријана Микхаил. 

Тие завчера им подлегнале на повредите на пат кон болницата, со кои се здобиле при принудното слетување во Јаз. Инспекторите од которското обвинителство истражуваат како можеле да полетаат од Брајичи, каде наводно нема регуларно полетувалиште.

Изјава пред обвинителите дал и инспекторот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, која е надлежна да контролира дали параглајдеристите имаат лиценца, но и дали полетувалиштето е регуларно.

Општината Будва според плановите не предвидувала да се полетува од тоа место. Сепак, некои агенции тврдат дека полетувалиштето на Брајичи имало нивна дозвола, и дека слетувањето било предвидено во Бечичи. Симовиќ кобниот ден на тоа место ја повел и туристката од Египет на лет. Тој бил искусен параглајдерист и шампион во светот во тој спорт, но и раководител на Центарот за обука за параглајдинг на клубот "Динамо".

Полетале во околу 18 часот, но набрзо ги фатило олујно невреме и цели два и пол часа траела драмата во воздухот, пред очите на бројните посетители на плажата во Бечичи.

Иако се обиделе да приземјат на планината кај Бечичи, силниот ветер и дождот им пречел, па продолжиле кон Јаз. Сепак, тешките повреди со кои се здобиле биле кобни за двајцата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг