Овие пет земји е невозможно да се освојат: Огромните територии и воената надмоќ не се единствените препреки за нивно покорување

Точка

17/08/2018

17:56

4.268

Големина на фонт

а а а

Русија, САД, Кина, Индија и Авганистан се земји кои е невозможно да се освојат, оценил еден американски портал кој е специјализиран за воена тематика.

На списокот причини според кои е невозможно да се заземе Русија, порталот ги наведува не само суровите климатски услови, огромната територија и војската, туку и специфичноста на националната свест.


"Русите попрво би си ја уништиле сопствената земја, отколку да му се предадат на некој освојувач", наведува порталот.

Освојувачите мора да имаат на ум дека треба да се борат со "секој Русин во 11 временски зони".

САД не може да се освои не само поради моќната војна, туку и поради дозволата граѓаните да поседуваат сопствено оружје.


Невозможно е да се освои ниту Кина која има 1,3 милијарда жители. Дополнителен фактор е и големината на територијата, болестите кои се резултат на пренаселеноста, како и развојот на економијата која ги копира технолошките достигнувања од другите држави, што им овозможува да имаат моќни вооружени сили.

Што се однесува до потешкотиите со кои можат да се соочат потенцијалните освојувачи на Индија, порталот ги наведува климатските и географските специфичности како и "воено-поморската стратегија" која предвидува концентрација на подморници во крајбрежната зона.


Како што наведува порталот, Авганистан е невозможно да се освои поради тешко достапниот терен и мултинационалното население.



Спонзорирани линкови

Маркетинг