„Ферари“ е најпрофитабилен автомобилски бренд

Макфакс

17/08/2018

16:37

1.814

Големина на фонт

а а а

„Ферари“ е најпрофитабилен бренд во автомобилската индустрија, а најголем губитник е „Бентли“.

„Ферари“ во првите шест месеци од годинава по секој продаден примерок од престижните автомобили имал чиста заработка од 69,9 илјарди евра. „Порше“ со заработка од 17 илјади евра по секое возило е двојно попрофитабилен од „Мерцедес“, „Ауди“ и „Бе-ем-ве“ кои заработуваат по девет илјади евра. 

„Масерати“ и „Волво“ заработуваат по околу пет илјади евра од секој продаден автомобил. 

„Јагуар Ленд Ровер“ од секој продаден автомобил заработува само 800 евра. Но и тоа е далеку повеќе ако се спореди со „Бентли“ кој од секој продаден авомобил губи 17 илјади евра. 

„Тесла“ се наоѓа во малку подобра состојба, губи по 11 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг