Арета Френклин беше гласот на движењето за граѓанските права на Афроамериканците

Точка

17/08/2018

15:19

1.411

Големина на фонт

а а а

Кралицата на соул музиката Арета Френклин порасна во 50 - те години во Детроит опкружена со познатите личности од движењето за правата на граѓаните. Нејзините песни станаа нивни химни.

Нејзиниот татко беше организатор на Движењето за слобода во Детроит во 1963 година. Тоа беа најголемите демонстрации за граѓански права во САД од Маршот во Вашингтон кој се случил подоцна таа година, кога Мартин Лутер Кинг Џуниор го одржа историскиот говор "I had a dream". 

Мартин бил чест гостин во нејзиниот дом, а на 16 години Арета замина на турнеја заедно со него, откако го заврши нејзиниот прв албум. Деценија подоцна пеела на погребот на Лутер.


Ќерката на Лутер, Берниче Кинг кажала дека Арета Френклин е одличен пример како уметноста треба да се искористи за поддржување на социјалните промени.

"Како ќерка на движењето, таа не го користеше гласот само да се забавува, туку и да инспирира и да ги поттикне генерациите низ песни кои станаа хитови", рекла таа.


Нејзината песна "Respect" од 1967 година стана химна на кампањата за граѓански права и феминистичкото движење. Како што растеше нејзината популарнст, Френклин не го напушти своето чувство за активизам.


Активистката за граѓански права Реверент Џеси Џексон, која 60 години ѝ била пријателка на Арета, рекла за USA Today дека Френклин ги следела нивните турнеи и кампањи додека Кинг бил жив. Држела бесплатни концерти, примала активисти во својот дом и им помагала финансиски. Џексон ја нарекуваше вистинска инспирација.

Кралицата на соул музиката остана истакнато лице и глас на афро американските граѓански права цел живот. Американскиот претседател Барак Обама во 2015 година рече дека американската историја се развивала кога ќе запеела Арета.


"Никој не воспоставува подобра врска од неа помеѓу афро американскиот дух, блуз, R&B и рокенрол на начин на кој тешкотијата и тагата се претворени во нешто што е полно со љубов, виталност и надеж", рекол Обама.

Веста за смртта на кралицата на соул музиката ги погоди многу луѓе и ѝ оддале почит на социјалните мрежи. Борецот за граѓанските права и конгресмен Џон Луис рекол дека Френклин го живееше она за кое пееше.

"Нејзината музика претставува длабока поврзаност на борбата и триумфот на Афроамериканецот. Беше една од најсилните поддржувачи на движењето. Беше наша сестра и наша пријателка", рече Луис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг