После одличните критики и реакции на публиката на оригиналот од 2014 година, фановите и оние кои допрва ќе станат фанови можат да воздивнат, продолжението на акциониот трилер овој август пристигнува во кино!
Приказната за заговор и одмазда со многу акција и одлична актерска екипа ќе го задржат Вашето внимание и тоа со причина.
Двојниот добитник на Оскар, Дензел Вашингтон и режисерот Антоин Фукуа повторно ги здружија силите и ни го донесуваат продолжението на филмот кој го чекаме четири години. Станува збор за филмот "The Equalizer 2" во кој Вашингтон повторно ќе го глуми Роберт Мекол, акциониот јунак и борец за правда.
Овој филм беше најдобро оценет со рејтинг "R" во историјата на компанијата Sony Pictures, така што продолжението беше очекувано и едвај дочекано.