Јанкулоска се смееше додека слушаше како ги нарекува прост народ, луѓето од аферата „Списоци“ на А1

Макфакс

17/08/2018

11:51

7.210

Големина на фонт

а а а

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ во кривичниот суд, продолжи репродуцирањето на бомбите.

Во една од нив, Јанкулоска разговара со Мартин Протоѓер за аферата „Списоци“ која беше објавена на телевизијата А1 во 2011 година. Јанкулоска му вели на Протоѓер дека е зачудена како партиските челнови не и’ го познале гласот на новинарката Сашка Цветковска, која известуваше за аферата.

„Прост народ, тоа е“, вели Јанкулоска.

„Не знам како не и’ го познале гласот, секој ден е на телевизија. Оваа Сашка Цветковска, која е бе таа да се претставува со лажно име?“, вели Јанкулоска.

Тоа според неа е производ на болен ум: „Болен ум не знаеш што може да смисли“.

Протоѓер и’ вели дека ќе спремаат и тужби за новинарите. Јанкулоска му раскажува на Протоѓер дека прилогот на А1 бил гнасен и безобразен.

„Ова беше монструозна конструкција. Стварно ја претераа. Кога ќе почнат да ги викаат на суд, малку е непријатно“, вели Јанкулоска, која се смее на телефон со Мартин додека го опишува прилогот.

Таа раскажува дека следниот ден „Алфа“ отвориле вести со тоа, а „Сител“ и „Канал 5“, правеле вести без врска.

„Нашава машинерија без врска прави прилози“, му вели ексминистерката на Протоѓер



Спонзорирани линкови

Маркетинг