Поради една чаша вино заврши во притвор: "Поради оваа ситуација банкротиравме, цела наша заштеда ја снема за ноќ"

Точка

15/08/2018

20:07

4.118

Големина на фонт

а а а

Поради тоа што се напила една чаша вино додека летала за Дубаи, докторката Ели Холман е уапсена веднаш откако слетала на аеродромот, а во притвор поминала три дена заедно со својата ќерка Биби. 44 годишната Ели Холман осум пати досега имала патувано со "Emirates Airlines" кој лета од Лондон за Дубаи, а после слетувањето следувала вистинска драма.

Пред да помине контрола, Британката беше испитувана од емиграционен претставник, а набрзо била приведена и во полиција. 

Како што вели таа, ноќната мора започнала на 13 јули кога вработен на аеродромот ја извести дека нејзината виза е истечена и дека мора да се врати назад во Лондон. Кога одбила да се врати со својата ќерка, поради долгиот и мачен лет, следувало прашањето дали таа пиела алкохол.


"Му реков дека за време на летот се напив една чаша вино која бесплатно ми ја даде стјуардесата во авионот. Ми рекоа дека за поседување или консумирање на алкохол е злосторство во УАЕ", вели таа за Mail Online.

За работите да бидат полоши, цела ситуација сакала да ја сними со телефонот, но набрзо дошле полицајци и ја уапсиле бидејќи тоа се смета за кривично дело.

Полицијата веднаш ја притвори, одземајќи ѝ ги личните работи. Исто така ѝ земале крв, која подоцна била анализирана за да се процени колку алкохол има во крвта.

Ели и нејзината ќерка претрпеле голем страв, со оглед на тоа дека стражарите помеѓу себе говореле на арапски, немале ниту храна и вода и не можеле да одат во тоалет.

Додека сето ова се случувало, нејзиното семејство не знаело дека тие две се заробени.

"Кога дознаа, пријателите се обидоа да нè посетат, но не им дозволија. Во еден момент во Дубаи дојде и мојот сопруг. Се однесуваа кон нас како да сме најголеми криминалци. Секако плативме кауција и бевме слободни. Ќерката се врати со него во Англија, додека јас морав да останам уште некој ден", вели докторката.

##https://twitter.com/thestarspost/status/1029656564062404608##

"Мојот пасош е запленет додека не се реши случајот, а ми рекоа дека тоа ќе трае најмалку една година. Поради оваа ситуација банкротиравме. Повеќе од 30.000 фунти платив за адвокати, трошоци, морав да ја затворам стоматолошката ординација. Цела наша заштеда ја снема за ноќ. Не разбирам зошто "Emirates Airlines" служат алкохол доколку знаат дека патниците ќе поминат низ пекол?".



Спонзорирани линкови

Маркетинг