Изгледа дека стилот сепак се купува, Французите бесни на тоа колку пари трошат Емануел и Брижит Макрон за гардероба!

Точка

15/08/2018

18:37

4.910

Големина на фонт

а а а

Откако ја доби функцијата на прва дама на Франција, Брижит Макрон воедно стана и модна икона. Секогаш е беспрекорна и се одликува со францускиот шик, отменост и софистицираност.

Секој нејзин чекор го следи и нејзиниот сопруг Емануел, па овој пар кога е заедно секогаш е совршено стилизиран. Сепак, сè има своја цена. Имено, претседателот на Франција и неговата сопруга имаат лични модни асистенти, кои водат сметка за тоа како треба да изгледаат тие во јавност и да остават одличен впечаток, така што зад нивниот добар изглед се крие голема сума на пари. 


Имено, тамошните медиуми дошле до податок дека луѓето кои се грижат за нивниот изглед земаат плата од 5.200 евра месечно, додека за нивната гардероба, аксесоари за првата дама чинат 278.000 евра годишно, додека за нејзиниот сопруг 440.000 евра годишно.


Претседателскиот пар има личен фризер, шминкер кок мора постојано да биде на располагање, особено кога станува збор за јавни настани или посети. Особено секогаш се грижат Брижит да има уредна фризура во секое време како и убава златна боја на косата.


"Секогаш вложував многу труд во мојот изглед, прашајте ги моите деца или ученици. Никогаш не би излегла од дома без внимателно одбрани модни комбинации и фризури. Резултатот може да варира, но јас не знам за поразлично", признала Макрон во минатогодишното интервју за магазинот Elle.


Брижит го преферира модниот бренд "Louis Vuitton", а исто така и "Alexandre Vauthier". Секогаш одбира едноставни парчиња облека, а ако некои од нив имаат интересен детаљ, тогаш тоа се копчињата.


Но, и покрај тоа што овој пар редовно е во центар на внимание, Французите се прилично бесни поради податоците за тоа колку пари се издвојуваат за нивиот изглед. Особено се бесни тамошните даночни обврзници чии заработки се околу 1.500 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг