Како ја вратив мојата природна боја на косата со Colour B4?

Точка

08/11/2019

21:09

4.347

Големина на фонт

а а а

Веќе подолг период посакував да ја вратам мојата природна боја на косата. Користам полутрајни бои за коса, но не сум ја видела својата природна нијанса веќе со години.

Генерално, ја бојадисувам мојата коса еднаш месечно, но таложењето на фарбите предизвикаа нерамномерна нијанса неколку сантиметри под коренот. Тука на сцена настапува Colour B4.

Како што пишува на самиот производ, отстранува секаква боја од вашата коса со што можете да започнете отпочеток, без да користите груби хемикалии како обелувач или амонијак во целиот процес. Colour B4 може да се користи на полутрајна или трајна боја на коса бидејќи има две варијанти од производот.

Јас се одлучив за формулата која е наменета за често бојадисувана коса која не е премногу темна. Исто така, има екстра моќна формула која е наменета за посилни, потемни бои како црвена или црна. На почетокот се двоумев дали сакам да го испробам ова бидејќи никогаш не сум се одлучила на ваков чекор, па затоа сметав дека формулата која ја одбрав е подобра опција.

Во кутијата на производот има четири шишиња: активатор, отстранувач, пуфер и регенератор за коса, како и пар ракавици и инструкции за правилна употреба.

Вака изгледаше мојата коса претходно – како што можете да забележите, врвовите се многу потемни од коренот и бојата е избледена. Исто така, да напоменам дека последното бојадисување се случи отприлика пред шест недели од третманот, со цел да се одмие поголемиот дел од бојата. Планирам и понатаму да ја користам истата боја за коса која што ја користев и досега, но вие можете да одберете било каква нијанса.

За почеток, вашата коса треба да биде чиста и сува, па затоа ја измив со шампон и ја исушив со фен пред почетокот. Првиот чекор во отстранувањето на бојата трае 60 минути, па затоа обезбедете си доволно време за целиот процес.

Ова е резултатот по користење на сите четири шишенца од кутијата – бојата речиси целосно е отстранета, со исклучок на неколку влакна кои останаа со портокалова нијанса. Целиот процес траеше околу 80 минути, а по користење на пуферот, имав чувство дека косата ми е сува, но во тоа помогна регенераторот кој ја врати влажноста на влакното, па затоа топло ви препорачувам да не го прескокнете овој чекор.

Не е потребно да ја сушите косата со фен по целиот процес, но јас го направив тоа за да можам да го прикажам финалниот резултат. По завршување на третманот, можете веднаш да ја бојадисате косата со вашата посакувана нијанса, како што направив и јас.

И ова е финалниот резултат – на фотографијата се забележува новата нијанса без нерамномерни делови. Мојата коса е сјајна, а нијансата има богат изглед, па затоа и изгледа подобро од минатите фотографии.

Мислам дека Colour B4 одлично функционира на мојата коса и го постигнав резултатот на кој се надевав. Дефинитивно би го препорачала на секому кој сака да ја отстрани наталожената боја за коса или едноставно да ја смени нијансата. Можеби ќе ви бидат потребни 2-3 кутии во зависност од должината и густината на вашата коса, но мене ми беше потребна само една.

Запомнете дека јас користам полутрајна боја за коса, затоа можеби производот поинаку би делувал на трајните бои.



Спонзорирани линкови

Маркетинг