Ники Минаж го "зацрвенела" водителот со рима: "Би можела да спијам со тебе..."

Точка

15/08/2018

13:06

4.929

Големина на фонт

а а а

Водителот Стивен Колберт, сношти во популарната американското телевизиско шоу "The Late Show" ја угостил раперката Ники Минаж. Но, веројатно не помислил дека овојпат тој ќе менува бои, што обично им се случува на оние кои седат наспроти него.

Минаж во Њу Јорк дошла за да го промовира својот четврти по ред, студиски албум "Queen". Колберт забележал дека нејзината нова песна, "Barbie Dreams", веќе предизвикала бројни реакции, бидејќи во песната раперката набројува некои познати мажи, воглавно музичари и наведува зошто "никогаш не поминале кај неа". На листата се нашле имињата на Дрејк, 50 Сент, Еминем, Диџеј Калед и нејзиното поранешно момче, Мик Мил, а Стивен го интересирало како тоа тој не се нашол на листата и како Ники би го известила кога би се нашол на истата.


На тоа прашање, раперката со рима му одговорила дека "би можела да спие со него после шоуто, после што тој на работа би се вратил со посебен сјај". Потоа почнала хистерично да се смее, а Колберт ја променил бојата и го покрил лицето. Водителот ја спуштил главата на столот и почнал сам да се смее, а потоа некој од режија прашал дали емисијата сѐ уште се снима.


"Не завршив Стивен", го прекинала Минаж и продолжила да му се обраќа со рими. Му порачала да не зјапа во неа кога ќе заврши со него, туку да ѝ се обраќа со "Queen Nicki Colbert". Со стиховите, Ники ја воодушевила публиката и добила аплауз, а го "купила" и самиот Колберт, кој на крајот со насмевка ѝ се потпрел. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг