На интернет сега е достапен еден експеримент кој може да ве воодушеви или преплаши, во зависност од вашиот карактер.
Имено, идејата која се крие зад платформата FutureMe.org е едноставна. Можете на самите себе да си напишете и испратите електронска порака која ќе ви биде доставена неколку години подоцна.
Се разбира, ако не сакате да чекате неколку децении за да го прочитате она што сте го напишале во минатото, постои можност пораката да ви пристигне за една година, три или пет години.
Со кликнување на опцијата „изберете датум“, тоа може да биде и многу подоцна, најдоцна во 2068 година.
Исто така, вашите електронски пораки можете да ги споделите и со широка публика, што се овозможува со опцијата „јавно, но анонимно“, а давателите на услугата се обврзуваат дека ќе ја користат вашата е-мејл адреса исклучиво за наведените цели.