Лавров: Американските санкции против Русија и Турција се незаконски

Макфакс

14/08/2018

21:26

1.984

Големина на фонт

а а а

Американските економски санкции против Турција и Русија се дел од „незаконската политика”, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска од Анкара.

„Зајакнување на санкциите го сметаме за незаконски потег, диктирана желба за доминира насекаде – да се диктира политиката, да се одлучува за светската политика без договор”, изјави Лавров на прес-конференција со неговиот турски колега, Мевљут Чавушоглу.

Лавров истакна дека САД ги користат санкциите со цел не фер да профитираат во трговијата на светски размери.

Ваквите изјави на Лавров доаѓаат откако минатата недела Вашингтон воведе санкции за Москва и Анкара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг