Двајца високи воени функционери се уапсени денеска во Венецуела. Тие се осомничени за учество во обидот за атентат врз претседателот на Венецуела Николас Мадуро, објавија обвинителите.
Јавниот обвинител, Тарек Вилијам Саб изјави дека бројот на осомничени се зголеми на 34, вклучувајќи еден генерал, еден полковник и двајца пратеници кои се противат на политиките на Мадуро.
Пред околу еден недела за време на говорот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесуван во живо на телевизија, експлодираа неколку дронови, соопштија властите на Венецуела. Мадуро не беше повреден, но повредени беа седум војници. Одговорност за нападот ја презеде мала група позната како „Национално движење на војници во маици“.
По нападот венецуелскиот претседател упати низа обвинувања до пратениците од опозицијата поради обидот за атентат.