Турскиот суд одлучи двајцата грчки војници да бидат пуштени од притвор

Макфакс

14/08/2018

20:00

1.112

Големина на фонт

а а а

Турскиот суд објави дека двајцата грчки војници кои беа уапсени во Турција под обвинение за шпионажа, до почетокот на судењето ќе бидат пуштени од притвор.

Грција претходно изјави дека војниците преминале на турската територија случајно, како последица на дезориентација поради лошите временски услови, но Анкара, сепак, нареди апсење за илегален влез во земјата, под сомнеж за шпионажа.

Премиерот на Грција, пак, Алексис Ципрас, притворањето на двајцата грчки војници во Турција го опиша како отворена рана за алијансата.

Грчкиот премиер во претходен телефонски разговор со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, побара да се ослободат грчките војници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг