Обама сега ужива во многу поголемо богатство отколку кога беше претседател на САД

Точка

14/08/2018

19:02

9.814

Големина на фонт

а а а

За време на 8 годишниот мандат, поранешниот претседател на САД, Барак Обама имал фиксна плата, но со заминувањето од позицијата на најмоќниот човек на светот, тој сега заработува уште поголемо богатство.

Барак и Мишел Обама според податоците кои ги објавија странските медиуми, денес вредат речиси 30 милиони долари повеќе отколку кога живееле во Белата куќа. 

Според Форбс, листата за најбогати и највлијателни луѓе на светот, Барак Обама се истакнува со својата финансиска сметка која изнесува некои 40 милиони долари.


Политичарот денес заработува од јавните мотивациони говори, околу 400.000 долари од еден говор, пишува мемоари, а од неодамна и од филмскиот договор со Нетфликс. Имено, брачниот пар Обама потпиша договор со филмската куќа Нетфликс, која ќе го прикаже животот на некогашниот претседател и неговата сопруга пред да замине од власт.  


Од претседателските мандати, 57 годишниот политичар годишно заработувал околу 600.000 долари, а голем извор од приходите пристигнувале и од книгите кои ги пишувал.


Се претпоставува дека во период од 2005 до 2016 година, Обама заработи повеќе од 15 милиони долари од авторски дела. Но, неговата авторска кариера сè уште не е завршена. Минатата година со сопргата Мишел потпишале договор со издавачка куќа вреден околу 60 милиони долари, што значи дека наредните години нивното богатство само ќе се зголемува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг