Сугаревски: Не е точно дека Владата намерно го поништи тендерот за евтини летови

Макфакс

14/08/2018

18:44

1.727

Големина на фонт

а а а

Во Македонија има закони и процедури кои мора да се почитуваат до последната точка без исклучок, реагираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски по низата обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавниот повик со точно утврдени критериуми и услови беше објавен на 28 јуни, со рок на достава на барањето до 27 јули годинава. До крајниот рок истиот ден беше доставено само едно барање за финансиска поддршка, комисијата формирана од Министерството за транспорт и врски, веднап пристапиле кон разгледување на барањето, а во самата постапка, комисијата утврдила дека доставено барање не било комплетирано“, вели Сугаревски.

Тој на денешната прес конференција додаде дека како резултат на извештајот од комисијата, министерството донело одлука да го поништи јавниот повик. Сугаревски посочува дека не е точно дека Владата намерно го поништила јавниот повик за доделувањето на финансиска поддршка за евтини летови. Министерот додаде дека комисијата постапила согласно сите законски прописи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг