Американец се забил со авион во сопствената куќа за да ја убие сопругата, но не успеал

Точка

14/08/2018

18:35

3.630

Големина на фонт

а а а

Маж од американската сојузна држава Јута после расправија со својата сопруга украл мал авион и со него се забил во куќата. Мажот починал на лице место.

Дуен Јоуд украл Cessenu 525 од аеродромот на кој работел и тоа со намера да ја убие сопругата и себе си, па намерно се забил во својата куќа. Несреќата се случила во понеделникот околу 2:30 часот по локално време во Пејсон, град оддалечен на стотина километри од Солт Лејк Сити. 


Неколку часа претходно го уапсиле поради семејно насилство

Америкаснките медиуми пишуваат дека во текот на нападот во куќата биле неговата сопруга и едно дете, кои преживеале. Не е познато дали детето е нивно.

Само неколку часа претходно, Јоуд бил уапсен поради семејно насилство. Отишол на состанокот со сопругата за да ги решат своите брачни проблеми, но во околу 19:30 часот полицијата го затекна како физички ја малтретира сопругата.

Го притвориле, а откако го ослободиле отишол на аеродромот Spanish Fork Springville, каде што работел и бил искусен пилот.

Јоуд и претходно се соочувал со пријави за семејно насилство. Исто така, посетувал 6 месечно брачно советување кое му било одредено поради насилното однесување кон сопругата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг