"Не ми се допаѓаше": Тинејџер сатанист е виновникот за изгорената црква во Русија стара 244 години

Точка

14/08/2018

18:01

4.113

Големина на фонт

а а а

Минатата недела Русија ја потресе веста дека изгоре црквата Успение на Пресвета Богородица која била изградена во 18 век, а сега откриен е и виновникот. Како што пренесуваат локалните медиуми, притворен е тинејџерот Игњат Шарапов (15) кој наводно признал дека ја запалил црквата.

Тој бил карактеризиран како сатанист, а на социјалните мрежи често објавувал сатанистички симболи и содржини. Тој на полицијата им рекол дека искористил 5 литри бензин за да ја запали црквата која инаку е изградена од дрво, а на тоа место постоела 244 години. 


"Вели дека е сатанист и дека не му се допаѓала таа црква", соопштуваат од полицијата. Негови познаници велат дека Игњат се облекувал во црно, а кога го привела полицијата, само се смеел.

"Постојано црташе пентаграми, ги отсекуваше главите на кокошките и не сакаше да се капи во езерото, бидејќи од таму може да се гледа црквата", вели негов роднина.

На денот кога ја запалил црквата тој му кажал на своето семејство, но не му верувале, бидејќи сметале дека се шегува.

Црквата се смета за чудо на архитектурата, а се наоѓа во Конопод, во северозападниот регион Карелија, Русија.


Пожарот избувна откако туристи биле во посета на црквата. Пожарникарите се појавиле за неколку минути, но не можеле да ја спасат. Локалните власти им ветиле на граѓаните дека ќе им изградат реплика на истата црква.

Повторното градење на црквата ќе чини најмалку 80 милиони рублии или 1,2 милиони долари и би требало да трае две години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг