Ердоган: Ќе ги бојкотираме американските електронски производи, ќе произведуваме поквалитетни и подобри

Точка

14/08/2018

17:07

5.499

Големина на фонт

а а а

Турција ќе ги бојкотира американските електронски производи, предупредува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради заострените трговски и дипломатски односи помеѓу Вашингтон и Анкара.

"Ние ќе произведуваме уште подобри и поквалитетни производи какви што увезуваме сега и ќе почнеме да ги извезуваме. Ќе ги бојкотираме американските електрични производи", рече Ердоган на бизнис состанокот во Анкара. 

"Ако имаат iPhone, ние имаме Samsung", додава Ердоган.


"Ние ги имаме Венера и Вестел во нашата земја", рече Ердоган притоа мислејќи на турската компанија Вестел Електроник и нивниот паметен телефон.

Тензиите помеѓу Турција и Америка пораснаа после апсењето на американскиот пастор Ендру Бронсон на кој му се суди за шпиунажа и тероризам. Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги удвои царинските давачки за турски челик и алуминиум, забрзувајќи го падот на турската валута.


Кризата ја погоди турската лира, обврзниците и берзата со акции. Валутата изгуби речиси 50 % од својата вредност од почетокот на годината.

Ердоган останува пркосен и за кризата ги обвинува "економските терористи", "економската војна" и "насилниците во глобалниот состав" така што најавува нови сојузи со Русија и Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг