Како гром од ведро небо дојде одлуката на еден од најдобрите хрватски репрезентативци, Марио Манџукиќ да се повлече од репрезентацијата.
Напаѓачот кој ги предводеше „коцкестите“ до историски успех, преку социјалните мрежи стави крај на својата репрезентативна кариера.
Со долг текст преку кој ги искажува своите емоции и причината зошто ја донел оваа одлука, Манџукиќ им се заблагодари на сите фанови на Хрватска и им порача дека сега е еден од нив.
-Драги навивачи, секогаш повеќе сакав да зборувам на теренот отколку надвор од него. Затоа овие зборови ми доаѓаат потешко отколку да стартувам врз противникот или да истрчам спринт во 120 минута. Потешко, затоа што знам колкава радост ми носат собирањата, натпреварите и победите. Потешко, затоа што знам дека слушањето на „Убава наша татковино“ пред натпреварите е најголема емоција. Потешко, затоа што знам која е честа да се облече хрватскиот дрес и да се претставува својата земја. Потешко, зошто знам дека ова е конечно и дека по овие зборови нема назад. Сепак, знам дека е време баш за тие зборови…Се простувам од хрватската репрезентација- напиша во дел од текстот Марио Манџукиќ.
Оваа одлука шокираше многумина, па така со коментари под објавата се јавија многу навивачи кои го молеа популарниот „Манџо“ да ја промени одлуката, но според напишаното, тоа нема да се случи.