Британскиот пејач Сем Смит стана најомразена личност на интернетот поради само еден коментар на социјалните мрежи.
Музичарот Адам Ламберт објавил видео на кое тие двајца се на брод и ја слушаат песната "Human Nature" од Мајкл Џексон со своите пријатели. На снимката може да се слушне Смит како вели: "Не го сакам Мајкл Џексон, но ова е добра песна".
Оваа реченица била доволно за Сем да биде "растргнат" на социјалните мрежи, а работите отишле толку далеку што Ламберт ја избришал снимката од Инстаграм, но веќе било предоцна.
"Не го напаѓај Џексон, можеш само да посакаш да продадеш толку плочи колку што продал тој и да те нарекуваат "крал на поп музиката". Седни и научи како да ја завршиш турнејата. Кога ќе научиш како да продаваш плочи како него, тогаш можеш нешто да кажеш", напишала актерката и пејачката Стефани Милс, а слични коментари Смит добил и од обожавателите на Мајкл Џексон.