Бред стравува од идните животни потези на Анџелина

Точка

14/08/2018

10:52

2.635

Големина на фонт

а а а

"Не можат да се сложат околу ништо. Само се напаѓаат", раскажале пријателите на поранешните сопружници, Анџелина Џоли и Бред Пит, за британскиот "Daily Mail".

Џоли, минатата седмица се пожалила дека Пит не плаќа двојно повисока алиментација, а тој тврди дека ѝ дал пари кои не ги искористила за децата. Адвокатите на Пит, рекле дека актерот веќе ѝ исплатил повеќе од 9 милиони долари на познатата актерка, а таа со тие пари купила нова куќа и ги платила заостанатите долгови.


"Бред стравува дека Анџелина ќе ги однесе нивните шест деца во Лондон и дека таму ќе се пресели", раскажал еден пријател на актерот. Додал дека не е тајна дека актерката сака потполно старателство врз децата и дека сака да се пресели, а моментално тоа не може да го направи без одобрение од Бред. Поранешните сопружници ги имаат ќерките Захара, Шајло и Вивиен, и синовите Медокс, Пакс и Нокс. До првите проблеми на поранешните сопружници, дошло поради несогласување околу тоа колку време Пит може да поминува со нивните деца.


"Бред не сака да лета со авион по осум или девет часа, секојпат кога ќе посака да ги види децата. Сака сѐ да остане исто како сега", истакнал изворот. Адвокатите на Пит истакнале дека изјавата за алиментацијата на Анџелина, била непотребна и дека тоа било обид за манипулација со медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг