Евровизија со нов домаќин? Еве кој европски град би можел да биде замена за Израел

Точка

14/08/2018

10:21

3.140

Големина на фонт

а а а

Откако овогодишната претставничка на Израел, пејачката Нета Барзилаи ја однесе победата на Евросонг, започнаа спротивставувањата за одржувањето на овој музички фестивал во Израел поради безбедносната состојба.

Уште тогаш се спомнуваше Австрија како можна замена за Израел, со тоа што австрискиот претставник Сизар Сампсон го освои третото место, а според гласовите од жирито - првото. 

Како што наведуваат повеќето странски медиуми, Австрија, односно градот Виена би можел да биде домаќин на следната Евровизија, бидејќи државната израелска телевизија "KAN" побарала пари од државата за организирање на овој натпревар, но министерот за финансии одбил да ги стави средствата на располагање.


Израел мора да уплати кауција од 12 милиони евра како гаранција за прифаќање на организацијата на Евровизија.

Рокот за уплата истекува денеска, а доколку тие пари не се најдат на сметката, ќе се бара друга земја за организирање на натпреварот. Австрија, која пред две години беше домаќин, повторно е спремна да ја преземе таа улога.

"KAN" сега му се обрати на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со молба државата да ги овозможи потребните средства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг