Вознемирувачко видео: Јеменските деца радосно пееле во училишниот автобус, а во следниот момент речиси сите биле мртви

Точка

13/08/2018

16:06

6.838

Големина на фонт

а а а

За група деца од северен Јемен, минатиот четврток требало да биде ден за прослава, кога тргнале на долгоочекуваниот излет со цел да го одбележат крајот на летната школа.

Неколку часа подоцна, повеќето од нив загинале во напад на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.  

Снимката која ја направило едно од децата ги прикажува малечките како пеат и се радуваат во преполниот училишен автобус, возбудени поради тоа што ги чека, додека родителите ги испраќаат и им посакуваат среќен пат.

Неколку часа по поаѓањето, детето кое го снимало видеото и повеќето негови соученици биле мртви, откако силите на Саудиска Арабија го погодиле училишниот автобус.

Наставникот Јахуа Хусеин изјавил дека децата биле многу возбудени поради патувањето и само за тоа зборувале во последните неколку дена. На снимката се забележува како тие рецитираат стихови од Куранот, а потоа едно од децата вели дека треба да направат заедничка фотографија.


Децата кои биле на возраст помеѓу 6 и 11 години, биле на излет на гробиштата на бунтовниците во Саад - една од ретките зелени површини во овој дел од земјата. По излетот тие се вратиле во автобусот, кога се случил страшниот напад.

Нивниот наставник Хусеин задоцнил на излетот па дошол со автомобил, кој го паркирал во близина на автобусот, кога дошло до експлозија.


"Слушнав гласна експлозија, насекаде имаше прашина и чад. Сцената не може да се опише со зборови, насекаде имаше делови од тела и крв", изјавил наставникот.

Во нападот загинале 51 лице, од кои 40 се деца, а повредени се 75 луѓе - од кои има дури 56 деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг