Рос Браун е против пократките трки

КРУГ.МК

13/08/2018

16:03

1.109

Големина на фонт

а а а

Формула 1 директорот за моторспорт, Рос Браун, вели дека е против кратење на трките, инсистирајќи дека трка со времетрање од 90 минути е совршена ситуација за спортот. Идејата за кратење на трките е спомената неколку пати, со претпоставка дека помладите гледачи губат интерест по еден изминат час.

Сепак, Браун вели дека тоа не било случајот кога разговарал со фанови и смета дека подобрување на акцијата на патеката е решение за намалениот интерес.

„Мислам дека должината на една трка е правилна. Трка со времетрање помеѓу 90 минути и 2 часа е вистинско решение.

Секогаш сум верувал во тоа и интересно е што при повеќето дискусии со фанови, поголем процент се согласуваат.

Гледате фудбал, тоа трае два часа. Голем спортски настан треба да има содржина и мислам дека должината е во ред, но сметам дека треба да имаме повеќе акција во трките, со вистински баланс.

Ако фудбалските натпревари беа идентични, ќе се изгуби нивната атрактивност. Потребни се неколку досадни за да препознаете кога ќе се случи навистина одличен натпревар. Тоа сакам да го видам и во тркањето. Постојат неколку трки кои се помалку тивки. Ако имаме трка во која Луис или Себастијан доминираат и победат, во таква трка треба да ја поздравите умешноста на возачот.

Но потоа ќе имаме трка во која ќе има неколку промени во позиции, можеби и безбедносно возило и се случуваат повеќе нешта. Никогаш не сум сакал да ја променам должината на трката.

Во моментов имаме разговори околу системот за бодување. Промена на истиот е голема одлука. Ако го промениме, треба да остане таков најмалку 10 години, не сакаме постојано да го менуваме“, истакна Браун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг