Хорнер не го сака хаотичниот Алонсо

КРУГ.МК

13/08/2018

12:57

1.912

Големина на фонт

а а а

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ја отфрли можноста Фернандо Алонсо да ја пополни празнината од заминувањето на Даниел Рикардо во Рено. Во текот на својата 18-годишна Формула 1 кариера, шпанецот често беше поврзуван со “биковите“, но Хорнер смета дека двократниот шампион не би се вклопил добро во екипата.

„Имам огромна почит за Фернандо затоа што тој е одличен возач, фантастичен возач, но мислам дека ќе биде тешко да се вклопи кај нас затоа што предизвикува хаос околу себе каде и да вози. Мислам дека нема воопшто да биде здраво Фернандо да дојде кај нас. Ние секогаш преферираме да инвестираме во млади возачи одошто да земеме некој кој е на залезот на кариерата“, изјави Хорнер.

Британецот појасни дека преферира да најде возач внатре во тимот и да го продолжи трендот на давање на шанса за млади возачи од својата Академија.

„Среќни сме што имаме неколку многу талентирани возачи под договор и мислам дека ќе ги процениме нивните можности на мира и ќе видиме кого ќе одбереме. Имаме многу атрактивен болид за возење така што верувајте дека имаме понуди од доста возачи.

Секако дека ќе ги разгледаме сите опции, но сметам дека ќе продолжиме да ставаме акцент врз возачите кои ги развиваме, нешто што се покажа многу успешно за нас. Фетел, Верстапен, Рикардо, Саинз, Гасли, сите се производи кои ни донеселе резултат и потекнуваат од нашата јуиорска програма.

Саинз и Гасли се многу брзи возачи и поради тоа можеме да бидеме мирни, имаат договор со нас“, заврши Кристијан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг