Илјадници Романци повторно излегоа на улиците, погледнете ги демонстрациите против корупцијата во Романија

Точка

13/08/2018

13:53

2.165

Големина на фонт

а а а

Европската комесарка за правда, Вера Журова, ја повикала романската влада да го преиспита најновото судско законодавство што предизвика големи протести во оваа земја, јавува германската агенција "DPA".

Демонстрантите сметаат дека контроверзната реформа на судството во Романија е всушност замислена да им оди во прилог на корумпираните политичари. На пример, откако ќе биде усвоен законот, тој ќе декриминализира некои облици на уцена на политичарите. 


Новата законодавна реформа ја загрозува независноста на судиите, ги ограничува овластувањата на државните обвинители и ја поткопува довербата на јавноста во правосудниот систем, изјави денеска Журова за германскиот весник "Die Welt".

Би било корисно владата во Букурешт повторно да ги преиспита своите планови, додала таа.

Демонстрации против владата и прекумерната употреба на сила

Илјадници Романци излегоа вчера, трет ден по ред, на улиците на Букурешт во знак на протест против владата и прекумерната употреба на сила која полицијата ја применила во петокот, што заврши со повреди на стотици луѓе.


Вчера се собраа помалку демонстранти во однос на саботата и петокот. Тие повторно ја обвинија владата за корупција и бараа нејзина оставка.

Во петокот околу 80 илјади демонстранти бараа оставка од социјалдемократката влада на премиерката Вјорика Данчила која ја обвинуваат за корупција и намера да го контролира правосудството. Во Романија, во последната година и пол редовно се одржуваат протести од кои најголем беше тој во февруари 2017 година, кога се собрале половина милион луѓе, а притоа не бил забележан ниту еден инцидент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг