Хорхе Лоренцо од тимот на Дукати успеа да стигне до победата на Мото ГП трката во Австрија и тоа по жестоката битка со Марк Маркез која траеше до последните секунди. За Лоренцо ова е 3. победа сезонава и вкупно 68. победа во кариерата.
Шпанската пресметка претходно го вклучуваше и Андреа Довициозо, но откако вториот член на Дукати заостана зад водечкото дуо, дојде до неколку промени на првата позиција, а решавачкиот потег Лоренцо го направи на почетокот на последниот круг. Во продолжение успеа да го задржи првото место и победи на трката во Австрија.
Валентино Роси кој имаше проблеми во квалификациите, на крајот може да биде задоволен со шестото место во конечниот поредок. Четвртото и петтото место им припадна на Крачлоу и Петручи, додека зад Роси останаа Педроса, Ринс, Зарко и Баутиста.
Маркез го зголеми водството во генералниот пласман со 201 поен, пред Роси кој има 59 поени помалку, додека Лоренцо е трет со 130 поени.