Интер испратил примамлива финансиска понуда за Лука Модриќ и имаше намера да излезе во пресрет на било какво барање на Хрватот, но тој очигледно веќе реши да остане во Реал Мадрид.
Разочарувачката вест за „неразурите“ ја потврдија шпанските медиуми, а Интер реагираше експресно, забрзувајќи ги преговорите со друг фудбалер. Се работи за Кеита Балде Диао кој секако не е ѕвезда од рангот на Лука Модриќ, но дефинитивно ќе биде квалитетно засилување за составот на Лучијано Спалети.
Интер прифатил да го оддели Антонио Кандрева од преговорите со Монако, па за Кеита ќе плати 5 милиони евра за заемот првата сезона, по што ќе може да го откупи неговиот договор за дополнителни 34 милиони евра. Кандрева требаше да ја намали трансфер сумата, но одбива да ја прифати понудата на францускиот прволигаш.
Сенегалецот Кеита играше во Серија А до пред две сезони, откако минатото лето Лацио го продаде во Монако за 30 милиони евра.