Новата Batwoman ќе биде лезбејка, фановите не се воодушевени

Точка

10/08/2018

16:44

2.350

Големина на фонт

а а а

После сериите Flash, Arrow и Supergirl, наскоро пристигнува серија за Batwoman која ќе биде првата хероина која е припадничка на ЛГБТ заедницата. Овде не се работи за ликот, Барбара Гордон, која е позната како Batgirl, туку за Кери Кејн, улога која ќе ја толкува младата глумица од Австралија, Руби Роуз.

Публиката и фановите погдигнаа голема прашина за оваа одлука, бидејќи не сме прилагодени нашите херои да бидат припадници на ЛГБТ заедницата, но бидејќи оваа хероина и во оригиналниот стрип е лезбејка, тогаш беше нормално дека ќе ја глуми глумица која и во приватниот живот се истакнува на тој начин. 


"Ова е остварување на мојот сон. Можев само да сонувам дека вакво нешто некогаш би се случило. Кога бев мала, ќе дадев сè за да можам да гледам такво нешто на телевизија, особено кога бев млада членка на ЛГБТ заедницата која сè уште се запознаваше самата себе. Ви благодарам на сите, му благодарам на Бога", рекла глумицата која не го сокри воодушевувањето.

Новата Batwoman серија почнала да се снима и првата сезона можеме да ја очекуваме следната година, а особено ќе биде интересно да се гледа акцијата, но и романсата со првата хероина на ТВ која е лезбејка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг