Забелешките во однос на корупцијата се должат на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кое придонесе корупцијата да се распространи до невидени размери, тврди Социјалдемократскиот сојуз по прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека власта се обидува да го прикрие лошиот извештај од ГРЕКО.
„Цели 11 години криминалот на режимот беше целосно под заштита од институциите на системот. За да се прикријат криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ ја партизира дури и Комисијата за спречување на корупцијата. Така партизирана Комисијата не само што ја уништи оваа институцијата туку придонесе дополнително да се рашири корупцијата. Граѓаните паметат дека за претседател на ДКСК беше назначен Игор Тантуровски, донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се борите против корупцијата со партизирана антикорупциска комисија“, реагира СДСМ.
Владејчката партија додава дека криминалот на фамилијата во тие 10 години ја сместила земјата во групата земји што имаат сериозен проблем со корупцијата.
„Граѓаните слушнаа од политичките бомби како Груевски и Јанакиески договараат милионски провизии само за еден пат. Фирмите на Белизе и рајските шеми за испумпување на парите на граѓаните и богатење на фамилијата беа синоним за криминалот и корупцијата цели 11 години. Тендерот за ‘Трансмет’ во вредност од 17 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК ‘Битола’ е само еден од низата примери за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги испумпуваше парите на граѓаните“, додаде СДСМ.