Виртуелна (не)реалност: Може ли амбициозниот проект вреден 2 милијарди долари да ги исполни очекувањата?

Точка

10/08/2018

16:24

1.194

Големина на фонт

а а а

После осум години развој и повеќе од 2,3 милијарди долари во финансирање, Magic Leap конечно го објави својот прв уред за проширена реалност.

Magic Leap – Creator Edition ќе чини 2295 долари. Причината за така високата цена е тоа што Creator Edition е направен за девелоперите на софтвер, а не за потрошувачите.

Уредот се состои од црни очила со провидни леќи, компјутер во облик на диск и управувач кој што се држи во рацете. Magic Leap One засега е достапен само во неколку градови, вклучувајќи ги Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес и Сиетл и може да му биде испратен на било кој програмер кој што смета дека би можел да го унапреди.

Самиот уред функционира на многу интересен принцип. Уредот создава променета, односно проширена верзија на просторот околу себе, па во реалниот простор создава 3Д илузија на предмети кои што можат да бидат во најразлична форма и оддалеченост.


На денешниот пазар, ниту еден VR уред досега ги нема оправдано очекувањата и освоено корисниците, иако сите досегашни уреди имаат воглавно пониска цена од Magic Leap. Тогаш зошто Magic Leap произведуваат нов и скап уред и зошто мислат дека тој уред би можел да успее?

Затоа што во Magic Leap се сконцентрирани на поинаков пазар од својата конкуренција. Наместо да се фокусираат на видеоигри и мултимедија, од Magic Leap сметаат дека нивниот уред одлично ќе функционира во бизнис сферата.

На пример, кај работниците во фабриките и техничарите на терен, овие очила ќе овозможат огромен број на информации во нивната околина. На пример, ако некој работник работи како механичар, додека ја гледа машината, Magic Leap во околината ќе му претстави разни алатки, односно инструкции кои што ќе му овозможат многу полесно и побрзо да ја заврши работата.

Според првичните резултати, уредот на Magic Leap се чини дека има голем потенцијал, а дали кога целосно ќе се усоврши, навистина ќе ни овозможи уживање во проширената реалност, останува да почекаме и да го видиме тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг