Тајните за убавина на познатите: Златните правила на Меган Маркл

Точка

10/08/2018

16:23

3.612

Големина на фонт

а а а

Сопругата на британскиот принц Хари е една од највлијателните познати жени. Жените ширум светот сакаат да изгледаат како неа, па дури ги имитираат и нејзините пеѓи.

Затоа, не се малкумина оние кои ги интересира како изгледа рутината за убавина на Меган Маркл и кои сè трикови ги користи, па затоа во продолжение ви нудиме неколку информации за тоа.


1. Петминутна рутина за шминкање

Меган го усовршила брзото утринско шминкање, но нејзината мејкап рутина не е за сечиј вкус, иако е многу добра за кожата. За што точно станува збор? Во избегнувањето на пудрата. Сè што става на лицето е малку маскара, балсам за усни и малку руменило или бронзер.

"Ова е мојот омилен мејкап изглед", открила во интервју за "Allure".


2. Внатрешен третман на лицето

Во едно интервју за "Glamour", открила кој и е омилен третман за лице.

"Кога ми е потребно длабинско чистење на лицето, ѝ се препуштам на експертката за кожа, Никол Џос, која буквално го масира лицето и од внатрешната страна на усната шуплина. Лудо, зарем не", рекла новата војвотка од Сасекс.


3. Инстантен волумен на косата

"Кога косата ќе ми се растури после половина ден поминат на сетот, само ја наведнувам главата и ставам малку спреј за текстура и косата во истиот момент станува побујна", открила Меган во едно интервју за "Birhbox".


4. Насмевка

И, за крај, еден целосно бесплатен трик, кој можете да го испобате во истава секунда. Меган во неколку прилики истакнала дека сите изгледаат поубаво кога се смеат, а и ние се согласуваме со неа. Затоа, кога сакате да се чувствувате како принцеза, само ставете насмевка на своето лице и сетете се на зборовите на Меган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг