И Македонија е меѓу лицемерите за промената на границите, изјави Дачиќ

Макфакс

10/08/2018

14:53

5.104

Големина на фонт

а а а

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ порача дека треба им биде срам на оние лицемери кои денес говорат дека нема да има повеќе промена на границите. Дачиќ истакна дека ова важи и за Македонија која се сетила дека нема да има промена, откако претходно ја поддржала независноста на Косово.

„Тие ја срушија нашата граница и сега се сетија дека немаат прометна граница. Ја отворивте Пандорината кутија и нема повеќе што да се говори за тоа. Како не ви е срам, лицемери едни? Тоа важи и за Македонија. Го признавте Косово, а сега кога мечката заигра во вашиот двор, велите дека нема промена на границите“, нагласи Дачиќ на заедничката прес-конференција со портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова која се наоѓа во Белград.

„За која граница зборувате, за границата на Косово и Србија, а кој ја верификуваше таа граница? Тие кои помогнаа Косово да стане независно сега говорат дека нема промена на границите“, критикуваше Дачиќ.

Министерот истакна дека нема земја која повеќе се залага за српските интереси од Русија и додаде дека не верува оти може да дојде до било какво решение, ако за тоа не се запознаени нивните стратешки партнери во Москва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг