Град Скопје се пофали со видео и докажува дека утрово навистина се прскало против комарци

Макфакс

10/08/2018

13:45

5.164

Големина на фонт

а а а

Почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита.

Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг