Кинеските власти донесоа одлука: Ќе се руши големата џамија, стотици верници веќе протестираат...

Точка

10/08/2018

16:44

4.496

Големина на фонт

а а а

Џамијата со голем број на куполи и минариња, според кинеските власти, пред да биде изградена, не ги добила соодветните дозволи за градба.

Властите на северозападот на Кина се подготвуваат за рушење на џамијата, иако стотици верници, припадници на муслиманското етничко Хуи малцинство веќе неколку дена протестираат пред верскиот објект.

Голем број на луѓе се собра пред новоизградената Голема џамија во градот Веижу, но кинеските власти веднаш испратиле поголем број на припадници на безбедносните сили, па засега не се забележани инциденти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг