Доцна во ноќта, угледното шпанско радио „Онда Серо“ излезе со ексклузива дека Лука Модриќ му соопштил на Флорентино Перез дека неговата првична желба е да се пресели во Интер, а иако се верува дека претседателот на „кралскиот клуб“ не планира да му ги отвори вратите од „Бернабеу“, последниот потег кој го направи маркетинг тимот на европскиот шампион уште толку им даде за право на италијанските медиуми да продолжат со шпекулациите.
Факт е дека Реал Мадрид се уште стои цврсто на својот став дека Модриќ може да си замине единствено за 750 милиони фунти, но во ситуација кога се очекува Флорентино да го премисли Хрватот и да ја израмни понудата на Интер (10 милиони евра годишно), пристигна неочекуван потег на социјалните мрежи.
„Кралевите“ ја променија својата насловна фотографија на сите профили на социјалните мрежи, а на истата го нема токму Модриќ на кого инаку се гледа како лидер во актуелниот ростер. На фотографијата позираат Бејл, Бензема, Рамос, Марсело и Крос, а отсуството на Лука секако во вклучи алармот и меѓу фановите на Реал.