ВМРО-ДПМНЕ: Заев на граѓаните им понуди само капитулација, Македонија ја остави без минато и историја

Макфакс

10/08/2018

11:20

1.067

Големина на фонт

а а а

Секој ден се повеќе Зоран Заев и СДСМ тонат во своите лаги, реагираа од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата велат со договорот што го потпиша Заев на граѓаните им понуди само капитулација, а Македонија ја остави без минато и историја.

„Без минато оваа држава ќе нема ни иднина. Криминалните тендери и грантови се единствен начин Заев да ги врати долговите кон своите соработници, додека пак продажбата на националните и државните интереси се шанса за дефокусирање на јавноста“, велат од опозицијата во својата реакција.

Заев, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението, треба да знае дека во ЕУ и во НАТО не се оди со криминал и корупција.

„Извештајот на ГРЕКО e уште еден од низата на докази дека распродавањето на националните и државните интереси нема да ја приближи Македонија поблиску до ЕУ и НАТО. Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО не е блокиран поради проблемот со македонското име. Патот кон ЕУ и НАТО е блокиран само од корупциските скандали на функционерите на власта кои на изглед немаат крај“, наведуваат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг