Дали во Турција се подготвува финансиска и економска криза?

Точка

10/08/2018

10:47

5.371

Големина на фонт

а а а

Случувањата на финансиските пазари во Турција се алармантни, падот на турската лира за 30 %, падот на берзата за 17 %, скок на каматните стапки на задолжување на државата во лири на 18 %, а тоа би можело да биде најава на економска криза во таа земја, па дури и можна рецесија, анализира BBC.

Курсот на турската лира од почетокот на годината потона за 30 % во однос на американскиот долар. Пазарот на акциите паднаа за 17 %, а доколку се мери во долари, како што прават странските инвеститори, падот на цената на акциите достигна до 40 %. 

Друго мерило кое често се разгледува на пазарите е колкави се трошоците на државното задолжување. Кредит на 10 години во лири сега чини 18 % годишно, а дури и задолжувањето на Турција во долари е скапо, односно кредити се даваат по камата од околу 7 %.

Опасност од долг

Турција бележи дефицит во меѓународната трговија. Повеќе увезува отколку што извезува, односно повеќе троши отколку што заработува. Таков дефицит треба да се финансира од вложување или задолжување.

Само по себе тоа не е невообичаено или опасно. Но, турскиот дефицит е прилично голем, односно во изминатата година изнесуваше 5,5 % од бруто домашниот производ.

Агенцијата за кредитен рејтинг, Фич проценува дека Турција оваа година има потреба за финансирање во висина од речиси 230 милијарди долари.


Второ, многу турски компании се задолжувале во странски валути. Таквите кредити стануваат поскапи за отплата доколку курсот на националната валута паѓа, а сепак падна. Слаба валута исто така го влошува и проблемот на инфлацијата која во Турција не се смирува, послаба лира значи поскап увоз.

Центалната банка цели кон инфалција од 5 %. Веќе пред една година, инфлацијата беше значително над тоа, околу 10 %. Од тогаш ситуацијата се влошува, со цените кои сега растат на годишно ниво по стапка од околу 15 %.

Вложувачите на финансискиот пазар исто така се вознемирени со ставовите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за економската политика и притисок кој го врши над турската Централна банка. Имено, очигледна е политичката опција во Централната банка која сака да ја намали инфлацијата со зголемување на каматните стапки.

Она што го измачува пазарот е лошата информираност на претседателот Ердоган за каматните стапки. Самиот себе се опишал како непријател на каматните стапки.


Резултат е тоа дека инвеститорите не се уверени дека Централната банка ќе го направи она што е потребно за да ја стабилизира валутата и на тој начин да ја стави инфлацијата под контрола. Од друга страна, тоа ги прави повеќе внимателни за прашањето на изгледот на турската финансиска состојба.

Фич: Се заканува економска криза

Во некои аспекти, неодамнешната изведба на турската економија изгледа разумно. Економијата растеше секоја година, освен во 2011 година, што беше последната година од економската криза и кога добија помош од ММФ, па во 2009 година беше под влијание на светската финансиска криза. Во некои години растот беше исклучително силен. 

Невработеноста е висока, но релативно стабилна, со стапка од 9,9 %.


Агенцијата за кредитен рејтинг, Moody's истакнува дека труската економија достигна неиздржливо ниво поради таксената и потрошувачката политика, напоменувајќи дека политиката за долгорочен раст била занемарена поради фокусот на изборните циклуси.

Додека пак агенцијата Фич предупредува дека ризикот од драстично намалување на турската економија е зголемен, што во превод значи рецесија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг