Иран се заканува со сценарио кое може да доведе до војна: Ако ние нема да можеме да извезуваме нафта, нема да извезуваат ниту другите!

Точка

10/08/2018

12:56

2.884

Големина на фонт

а а а

Иранците се закануваат со можна блокада на Хормушкиот теснец, што значи дека богатите заливски земји нема да можат да ја извезуваат својата нафта – вакво сценарио може да заврши со голема војна.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, порача дека американскиот план за блокада на извозот на иранската нафта нема да успее.

Да потсетиме, Соединетите Американски Држави откако се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор, воведоа нови санкции против Иран и Вашингтон сега бара од сите земји на светот да прекинат да ја купуваат иранската нафта од 4-ти ноември оваа година.


Шефот на иранската дипломатија смета дека Американците едноставно нема да можат тоа да го изведат.

„Ако Американците и натаму продолжуваат да притискаат за остварување на оваа невозможна идеја, тогаш мора да знаат дека ќе има последици. Не можат навистина да мислат дека Иран ќе престане да извезува нафта додека другите слободно ќе продолжат да извезуваат“, изјави иранскиот министер Зариф.

Тој не појасни на што мислеше когаспоменна „последици“, но според аналитичарите, јасно е на што сугерира – сценарио кое што може да резултира со опасна ескалација која ќе доведе до отворена војна.


Имено, одреден високи ирански политички и воени функционери, пред извесно време порачаа дека, доколку биде блокиран извозот на нафта на Иран, тогаш Иран ќе ги блокира и другите извозници, барем на просторот на Заливот со блокирање на Хормушкиот теснец.

Едно такво сценарио би можело да значи и почеток на воен судир помеѓу Иран и САД, затоа што американските власти во повеќе наврати досега порачаа дека се подготвени и со употреба на сила да обезбедат поминување на бродовите низ Хормушкиот теснец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг