Астронаут на НАСА тврди дека видел вонземјанин: Беше провиден, со закривен и органски изглед

Точка

10/08/2018

10:38

7.681

Големина на фонт

а а а

Од контролниот центар на НАСА соопштија дека „чудната работа“ која што астронаутите ја виделе е всушност мраз кој што го покривал цревото со фреон, но еден астронаут има сосема поинакво мислење.

Американскиот астронаут Лиленд Мелвин објави на социјалната мрежа Твитер дека е сигурен дека видел вонземјанин.

Како што опишува астронаутот на Американската вселенска агенција, вонземјанинот бил „провиден, закривен и со органски изглед“ и лебдел надвор од вселенскиот шатл кога бил над Земјата.

Тој веднаш ги контактирал своите претпоставени на Земјата, но тие сугерирале дека станува збор само за мраз кој што скинал црево со фреон. Астронаутот бил многу скептичен во врска со официјалното објаснување на НАСА, иако смета дека не станува збор за намерна лага.

Исто така, тој открива дека кога го забележал вонземјанинот, првата работа која што му паднала на памет била „Хјустон, имаме проблем“, но не го изговорил тоа затоа што сите започнуваат со таа позната реченица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг