Исповед на работничка на јахта: "Богаташите ги испраќаат своите сопруги на шопинг, а потоа доведуваат к*рви на бродот"

Точка

09/08/2018

20:25

8.099

Големина на фонт

а а а

Мегабогаташите изнајмуваат луксузни јахти кои изнесуваат неверојатни 115 илјади фунти неделно - само за да ги изневеруваат своите сопруги со љубовници и проститутки. Тие дури му плаќаат илјадници фунти на персоналот за да молчи и брзо да ја промени постелнината на нивните кревети.

"Нашиот персонал на брегот е во контакт со нас со цел проститутките да "исчезнат" пред да се вратат нивните сопруги", изјавила Брук Лафтон која работи како стјуард на мега јахти. 

"За 20 минути морам да ја променам постелнината и да се ослободам од сите знаци кои оддаваат дека уште некој бил во кабината, како кондоми. Тоа е ужасно. Многу лошо", додала таа.

Брук укажува дека на јахтите постои т.н. "морална цена".

"Морате да го затворите едното око. Се прашувате кои се вашите морални вредности ако сте соучесник во тоа", истакнала Брук.

Марк Кронин, творецот на американското реално шоу "Below Deck" кое ги следи личностите на луксузните јахти, вели дека бродовите стандардно имаат две конфигурации.

"Едната е за сопругата, а другата за љубовницата. Вообичаено е персоналот да ги средува кабините помеѓу посетите, да ги отстранува фотографиите и да ја менува постелнината, бидејќи просторот кој го посакува сопругата е поинаков од оној кој го посакува љубовницата", навел тој.

Кронин истакнал дека некои луѓе сметаат дека со плаќањето на таквите аранжмани добиваат "дозвола да бидат кретени".

"Целата таа ситуација кога персоналот не може да каже "не" бидејќи плаќaaт брдо пари... Да почувствуваат дека добиваат вредност за своите пари, тие мора да имаат секакви барања", објаснил Марк.


Неодамна, еден оженет маж му платил 2000 фунти на персоналот за да молчи откако довел три проститутки на јахта во Мајами.

"Дојде маж со сопруга и две мали деца, изнајмија јахта долга 20 метри... Следната недела, истиот тој човек се појави со три к*рви. Само ме погледна. Јас погледнав во него, во смисла колку чини тишината. Ми даде 2000 фунти за еден ден", навела Урсула Ебингер.

Некои членови на персоналот признале дека патниците честопати бараат од нив да им набават дрога за забавите. Едно семејство дури барало и да им се достави "Domino's" пица со хеликоптер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг