СДСМ: Владата за кратко покажа како е кога правилата и правдата важат за сите

Макфакс

09/08/2018

12:28

873

Големина на фонт

а а а

Во изминатата една година Македонија забрзано чекори напред, кон членство во ЕУ и НАТО, како напредна, слободна и демократска земја, меѓу другото и затоа што се преземаа чекори кои доведоа до функционирање на правната држава, велат од владејачката СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму наведуваат дека една од причините зошто 11 години Македонија беше заглавена во место бил токму криминалот, корупцијата и селективната правда која, како што велат, со години го штитела криминалот на Груевски и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа партија е тешко да го разбере значењето на зборовите ‘правда’ и ‘одговорност’, но нека собира храброст ВМРО-ДПМНЕ и нека се навикне дека амнестија нема да има – правда има“, стои во соопштението.

Во него се наведува дека додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ, заедно со сите прогресивни сили, граѓани, здруженија, организации, обезбедува иднина за Македонија, како членка на НАТО и ЕУ, со зајакнат идентитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг