Сапуницата со Модриќ продолжува: Перез пратил негова замена на состанокот кој завршил неславно

Дерби

09/08/2018

11:57

1.355

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид по заслужениот одмор кој го доби по настапот на СП во Русија, но се уште е многу неизвесно дали и во новата сезона ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“.

Но, со напуштањето на првиот тренинг на „кралевите” даде до знаење дека ова не е неговата конечна дестинација. Тој откако го напушти тренингот се упатил на состанок во седиштето на Реал Мадрид, но очигледно состанокот немал никака завршница зошто не бил со првиот човек на кралскиот клуб, Флорентино Перез, кој претходно во своите кругови, неофицијално најавил дека ќе ја активира клаузулата. од 750 милиони евра.

Од страна на Интер веќе е познат човекот кој ќе преговара со Модриќ за негов трансфер во Интер. Тоа е Џузепе Рисо кој ќе направи се за да го донесе Хрватот во редовите на италијанскиот клуб.

Модриќ го облече дресот на Реал на 257 натпревари и постигна 13 голови и неверојатни 40 асистенции. Беше еден од клучните играчи за освојување на четири титули во Лигата на шампиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг