Модриќ донел одлука: Бара трансфер во Интер!

Точка

09/08/2018

10:02

1.511

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ во текот на вчерашниот ден се приклучил на тренинзите на екипата на Реал Мадрид, меѓутоа тренингот го завршил еден час пред останатите играчи.

Тогаш во шпанските медиуми се појавија информации дека Модриќ заминал на состанок со првиот човекк на клубот, Флорентино Перез со цел да разговара за можноста за напуштање на клубот и трансфер во Интер.

Сепак, италијански „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Модриќ вчера не се сретнал со Перез, туку со вториот човеке на Реал, Хозе Ангел Санчез на кого што му соопштил дека донел одлука – да се пресели во миланскиот клуб.

Иако Модриќ има договор со Реал, сепак Хрватот имал џентлменски договор со Флорентино Перез кој му ветил дека доколку побара да си замине, ќе му го дозволи тоа без да бара астрономско обесштетување. Сепак, конечната одлука ќе биде донесена деновиве кога Модриќ ќе се сретне лично со Перез по што ќе биде позната иднината на Хрватот.

Ако може да им се верува на италијанските медиуми, Модриќ веќе ја имал донесено конечната одлука и за околу 40 милиони евра би требало до крајот на летниот преоден рок да се пресели во Интер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг