Се ограничуваат трошоците за лихварските камати за малите и брзи кредити

Нетпрес

08/08/2018

16:58

1.579

Големина на фонт

а а а

Министерството за финансии подготви Предлог на закон за имени и дополнувања на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, со кои се утврдува годишна стапка на трошоци, па граѓаните кои за мали ббрзи кредити досега на име на трошоци плаќаат пет пати повеќе.

Брзи кредити до 200 евра даваат финансиските друштва, но почнале да ги нудат и некои банки.

За малите брзи кредити до 12.000 денари финансиските друштва и банките што ги даваат ќе смеат да пресметуваат трошоци најмногу до 55 проценти од нивната висина, во согласност со казнената камата што ја пресметува НБРМ. информира вчера заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

Во вкупни трошоци влегуваат провизии, даноци, манипулативни и други трошоци што се наплаќаат за кредитот, а измените на Законот се прават за да се заштитат граѓаните и воедно да се намали ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите.

Опфатени се и кредитите под 200 евра, кои досега не беа законски опфатени. Кредитите се рекламираат како кредити без камата, а всушност пресметаните трошоци претставуваат скриена камата. За заем од 12 илјади денари на два до три месеци граѓаните враќаа и до 36 илјади денари. Со законското решение – за истата сума ќе треба да вратат максимум 18 илјади денари, вели Елези.

Од Агенцијата за заштита на потрошувачи, апелираа законот да биде донесен што побрзо. Вкупно 20 финансиски друштва и една банка – нудат вакви брзи кредити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг