NuMe слатки задоволства: 3 рецепти за вкусен и здрав десерт

Точка

09/08/2018

12:00

4.994

Големина на фонт

а а а

Веќе добро позната на пошироката јавност, нутриционистичка програма NuMe стана дел од секојдневието на многумина кои се борат со вишокот килограми, како и на оние кои се стремат да се хранат здраво и се грижат за своето здравје и тело. Имено, NuMe е храна која е создадена од нутриционисти и лекари со цел да ги задоволи потребите на повеќе таргетирани групи, меѓу кои и на оние кои со години водат неуспешни битки со намалувањето на вишокот килограми со разни диети кои на крајот од денот не вродуваат успех.

NuMe е храна чија основа е колагенот како главен извор на протеин. Производите на NuMe содржат многу малку јаглехидрати, не содржат ГМО, а се богати со хранливи вредности како минерали, витамини и хранливи влакна. Со секој оброк вие внесувате прецизно измерено количество на протеин и други нутритивни вредности кои му се потребни на телото во текот на денот.


Повеќе примери сведочат за успехот на оваа програма. Воедно, потребно е да се спомне уште една придобивка која ја носи оваа храна, а тоа е лесната подготовка и можноста да ја носите секаде со себе и да ја консумирате во било кое време. Слим-шејковите од NuMe во повеќе вкусови, се многу едноставни за подготовка.

Се што ви е потребно е вода и шејкер во кој ќе го промешате шејкот. Доколку сте расположени за нешто повеќе, ние ќе ви предложиме три рецепти по кои може да направите неколку десерти кои ќе ве воодушеват вас и вашите блиски. Потребни ви се NuMe шејк во прав и уште неколку состојки за многу брзо и едноставно да ги приготвите овие слатки, а сепак здрави задоволства.  

1. Слатки NuMe бомбици

Состојки: 

- 150 г. овесни снегулки
- 150 г. бадеми
- 1 NuMe слим-шејк од капучино
- 4 лажици урда
- 4 лажици рендан кокос
- прстофат морска сол
- 2 лажици чиа семе
- 2 лажици какао во прав 

Подготовка:  

Ги промешувате сите состојки и додавате вода додека не добиете смеса од која ќе може да формирате бомбици. Убаво промешувате со миксер и ја сотавате смесата да одстои неколку минути за подобро да се натопат овесните снегулки и чија семето. Потоа земате од смесата и формирате топчиња. Откако ќе ги обликувате бомбиците, можеда ги извалкате во кокос или какао. Брз, едноставен и многу вкусен десерт.

2. NuMe палачинки

Состојки:

- 1 банана
- 3 јајаца
- 1 шолја мелени овесни снегулки
- 1 лажичка прашак за пециво
- 1 NuMe слим-шејк Француска ванила со колаген
- 1 лажичка цимет 

Подготовка:

Сите состојки полека се промешуваат и постепено се додава вода. Потоа, целата смеса се става во NuMe мултифункционалниот шејкер (или доколку немате, може да употребите шише) и се меша додека не се изедначи смесата. Дозирајте од смесата и испечете ги палачинките. За крај, декорирајте ги палачинките со вашето омилено овошје или намачкајте урда.

3. NuMe протеински чашки

Состојки:

- 1 NuMe слим-шејк Француска ванила со колаген
- 4 супени лажици кокосово брашно
- 2 белки од јајца
- 1 банана
- 1 литар јогурт 

Подготовка: 

Се промешуваат сите состојки и се распоредуваат во пошироки чашки или мали длабоки чинии и се наросуваат со кокос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг