По прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, реагираше владејачката партија.
Во своето соопштение СДСМ наведува „криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да го разбере значењето на зборот „одговорност“. Во земјава се случува она што не беше замисливо во минатото: одговорност, отчетност, транспарентност, почитување на прописите и законите“, велат од СДСМ.
„Видлива е разликата меѓу одговорното однесување на Владата сега, почитувајќи ги правилата, процедурите, законите и дивеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во нивното соопштение.
Од СДСМ во соопштението наведуваат „за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ криминалот на фамилијата беше под заштита на МВР, се проведе незаконско прислушување на илјадници граѓани, полицијата беше лева рака на злоупотребите и партизацијата, а министерството беше претворено во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Нема повеќе МВРО-ВМРО. Времето на злоупотреби заврши одамна. Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво“, стои во партиското соопштение.